Во кошаркарската Евролига, екипата на Монтепаски Сиена патува на завршниот турнир кој ќе се одржи во Барселона, откако во третиот натпревар беше поуспешна од гигантот Олимпијакос.
Во Евролигата своите настапи за оваа сезона ги заврши екипата на Олимпијакос, откако избраниците на Душан Ивковиќ трета средба по ред беа поразени од Сиена. Овојпат италијанскиот тим го диктираше темпото и резултатот од првата до последната минута и сосема заслужено славеа со убедливи 88-76. Нашиот репрезентативец Бо Мек Кејлеб во победата учествуваше со седум минути, но без поени. Малик Херстон со 25 поени беше нерешлива енигма за одбраната на Олимпијакос, додека Лавринович реализираше 19 поени за Сиена.
Резултати: Макаби – Каха лаборал 99-77 (3-1), Панатинаикос – Барселона
78-67 (3-1), Валенсија – Реал М. 81-72 (2-2), Сиена – Олимпијакос 88-76
(3-1).
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com