Во 3 коло од Супер лигата ГРК Охрид му гостува на Прилеп. Го респектираме противникот, а наша цел е победа, порачуваат „Гладијаторите“.

Прилеп е една квалитетна екипа која игра убаво и борбено. Не ги потценуваме, се подготвуваме максимално да одиграме, најдобро што можеме, вели пикерот на ГРК Охрид, Владимир Бојаниќ.

Натпреварот се игра во сабота, 21 септември, во салата „Ристе Ристески Ричко“ со почеток во 18 часот.

OhridNews