Судскиот совет на РСМ на седницата одржана денеска, за ВД Претседател на Основен суд Охрид го избра судијата Бојан Мартиновски.
Мартиновски е судија во Основен суд Охрид 21 година.
На истата седница Судскиот совет за судии на Основен суд Охрид ги избра Елена Балевска и Илсен Салиеска Патилоска.
Г.М.