Вчера околу 18 часот на булеварот „Туристичка“ на влезот во Охрид кај новата кула на „Ремис“ се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа патничком возило BMW и комбе. Несреќата се случи при обид за претекнувањље од страна на BMW-то при што возачот не успеал во тоа и со голема брзина директно удрил во задниот дел од комбето. Комбето мина со минимални оштетувања, додека предниот дел на BMW-то беше уништен. За среќа во незгодата нема повредени. На лице место увид изврши сообраќајната полиција, а по извесен застој сообраќајот на булеварот „Туристичка“ беше нормализиран.
BMW натрада во сообраќајка
причина голема брзина и претекнување
комбето без последици
уништен предниот дел мна BMW-то
Претходно сообраќајна несреќа се случила и на другиот крај од булеварот кај ресторанот „Охридија“ каде беше скинат столб од семафор.
во друга сообраќајна несреќа настрада семафор кај „Охридија“
Ohridnews