Утрово во 04 часот и 30 минути на регионалниот пат Св.Наум-Охрид, кај населбата Рача, се случи сообраќајна незгода во која учествуваше едно патничко моторно возило марка „БМВ 525“ со скопски регистраски таблици, соопшти СВР Охрид.

Незгодата се случила во моментот кога патничкото моторно возило управувано од лицето Ф.Т. роден 1986 година од Скопје, излетало од десната страна на коловозот и директно удрило во метален електричен столб по што се превртело.

Во незгодата, покрај возачот, со телесни повреди се  здобија уште три други лица- сопатници: Ф.К. роден 1986, М.Н. родена 1987 година, и И.П. родена 1987 година, сите од Скопје. Повредената И.П. е пренесена и задржана во Општата болница во Охрид додека другите повредени се наоѓаат во Специјалната болница „Св.Еразмо“.

На лице место, увид извршија екипи на СВР Охрид.  По извршениот алкотест , констатирани се 0,65 промили присуство на алкохол во крвта кај лицето Ф.Т. возач на патничкото моторно возило, информираше СВР Охрид.

Ohridnews
извор: СВР Охрид