Осомничениот за убиството на 24-годишната Анита Танеска, нејзиниот сопруг Зоран Танески, по бегството од местото на настанот се обидел да ги сокрие трагите и доказите. Тој со својот автомобил БМВ се упатил во околината на селото Оровник, во близина на манастирот Св. Петка каде се ослободил од возилото фрлајќи го во провалија длабока седумдесетина метри. Полицијата денеска соопшти дека фрлениот автомобил и припаѓал на убиената сопруга.


БМВ- то на осомничениот за убиството на младата охриѓанка заврши во провалија

Танески ослободувајќи се од доказите кои го поврзуваат со делото, пеш тргнал кон Ново Село, каде вчера околу 17.15 часот беше уапсен од посебната полициска единица. По распитот во СВР Охрид, тој денеска ќе биде изнесен пред истражен судија.

Ohridnews