Научниците на локалитетот му дале име Блухенџ, по сината боја на 27-те камени блокови кои биле поставени така за да чинат една патека. Во меѓувреме камењата ги снемало, но останале видливи траги.
Блухенџ,кој бил ископан минатото лето и за кој се верува дека е стар 5000 години, е оддалечен околу два километри од Стоунхенџ и 130 километри од Лондон.
Археолозите од Универзитетот во Шефилд кои ги воделе ископувањата, веруваат дека Блухенџ и Стоунхенџ ги поврзуваат ритуали посветени на животот и смртта.