Американската компанија „Блу ориџин” на Џеф Безос го одложи вториот лет со туристи во Вселената, поради неповолни метеоролошки услови. Лансирањето на вселенскиот брод „Њу шепард” беше планирано за денеска, но тоа сега треба да се случи утре.
На леталото ќе има четворица туристи. Меѓу нив е и 90-годишниот глумец Вилијам Шетнер, познат по улогата на капетан Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“. Тој ќе стане највозрасниот човек што полетал во Вселената.
На 20 јули, компанијата успешно го заврши првиот орбитален лет со туристи. Меѓу нив беше и самиот Џеф Безос.
OhridNews