Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека поради најавениот штрајк на грчките погранични служби, од денес од 6 часот наутро, па во наредните 48 часа повторно ќе бидат под блокада сите гранични премини кон Република Грција.


Според известувањето, блокада ќе биде целосна за сите товарни возила, а пак патнички возила ќе се пропуштаат на секои два до три часа во времетраење од триесетина минути.

Ohridnews