Поради блокадите на патиштата од страна на млекопроизводителите, автобусот со педесетина членови на невладини организации од Охрид, денеска не стигна до Крушево каде требаше да се поклонат пред гробот на Тоше Проески.

По неколкучасовно чекање, охриѓани наместо во Крушево се вратија на плоштадот во Охрид каде ќе и оддадат почит на прерано починатата музичка ѕвезда, Тоше Проевски, кој доколку беше жив денеска ќе полнеше 28 години.

Членивите на делегацијата од Охрид на плоштадот запалија свеќи во спомен на Тоше, а беа прочитани и рециталите кои беше планирано да се читаат пред гробот на музичката ѕвезда.

ohridnews