Блок билетот за плејоф мечевите во Супер лигата ќе важи и за натпреварите во Купот на Македонија кои Охрид ќе ги одигра во 1/4 финалето.
Управата на охридскиот клуб се одлучи на ваков потег за што подобра атмосфера во историската прилика која му се пружи на градот да има свој учесник во борбата за медалите во завршницата од Купот.
Количината на блок билетот е ограничен, а чини 300 денари. Од клубот напоменуваат дека цената на поединечните билети за мечевите од плејофот ќе чинат повеќе.
„Гладијаторите“ мечевите од Купот на Македонија ги играат на 16 и 17 април, а плејоф возбудувањата започнуваат три дена подоцна.
Мх.П.