На последниот собир на управниот одбор од ракометниот клуб Охрид пред почетокот на сезоната во Супер лигата донесе одлука за блок билети.

Картата која ќе ги осигура сите мечеви во „Билјанини Извори“ во регуларниот дел од сезоната по промотивна цена ќе чини 400 денари, а билет за секој натпревар посебно изнесува 30 денари.

Со воведувањето на блок билетите охридскиот клуб го следи светскиот тренд на екипи кои им излегуваат на верните фанови во пресет да не чекаат на билетарниците.

Блок билетите ќе бидат во продажба пуштени од понеделник.

 

Мх.П.