Блогерката Алисија Јанг станала вистинска интернет сензација бидејќи во последниве два месеци секој ден објавува фотографии од своите разголени гради. Благодарение на секојдневното објавување на фотографиите на својот блог Los Escotes de Alicia, на кои го покажува своето деколте, Алисија во последниве два месеци собрала повеќе од 3,2 милиони посети.

Шпнаските медиуми се обидуваат да откријат која е и каде живее, а постоела можност и всушност да е британка која живее во Шпанија. Таа на фотографиите никогаш не го објавува своето лице, а признала дека блогот започнала да го пишува од шега. Секси блогерката од неодамна почнала и да им ги задоволува желбите на своите редовни читатели, па на некои фотографии можат да се пронајдат испишани имиња или пораки на нејзините гради, но и на други делови од телото.