Откако со една просечна нето плата во Македонија биде подмирена  месечната потрошувачка кошница за исхрана и пијалаци, за останатите потреби преостануваат уште околу 8.500 денари.

Ова  се наведува во истражувањето на Државниот завод за статистика спроведено во третиот квартал од годината, пренесува „Макфакс“. 

Просечната нето-плата по работник за јули 2010 година изнесуваше 20 299 денари, при што трошоците за исхрана и пијалаци беа пониски од просечната нето-плата за 8 407 денари.

Со просечната нето-плата во август, која изнесувала 20 541 денари, по задоволувањето на вкупните трошоци за исхрана и пијалаци од 11 891 денари, преостанувале уште 8 650 денари.

Во септември, кога платата изнесувала 20 554 денари за задоволување на останатите потреби останувале уште 8 517 денари.

Методот на пресметување на потрошувачката кошничка во Македонија често беше оспоруван и многумина сметаат дека не содејствува со реалноста.

OhridNews
извор:„Макфакс“