Брзиот раст на бројот на мобилни телефони во Кина е зголемен за 8 проценти од почетокот на оваа година, на 592 милиони, додека побарувачката за традиционалниот фиксен сервис е во опаѓање.
Бројките го одразуваат се поголемиот тренд на граѓаните на Кина да се ориентираат исклучиво на мобилните услуги.
Пресвртот тешко ги погоди фиксните телефонски компании и ја примора владата да покрене голема реорганизација во телефонската индустрија за да ја оживее конкуренцијата.
Бројот на мобилни телефони во Кина само во мај е зголемен за 44,8 милиони, додека истовремено бројот на фиксни телефони е намален за 6,5 милиони, на 358 милиони.