Канадската пејачка Селин Дион (42) објавила во петокот на својата интернет страна дека близнаците кои ги очекува се момчиња.
Бременоста е резултат на шестиот обид за вештачко оплодување. Пејачката и нејзиниот сопруг Рене (68) веќе имаат 9-годишен син, исто така зачнат со вештачко оплодување.