Новинарската претпоставка дека латино дивата носи близнаци веројатно е точна, а тоа сосема случајно го открила нејзината мајка Гвадалупе. Во една њујоршка златарница порачала да и изработат две исти златни нараквици и тоа со имињата Макс и Еми, а на продавачката не и требало многу време приказната да ја продаде на новинарите.
Џенифер Лопез би требало да се породи во февруари. За најсреќниот ден во животот веќе го резервирала најлуксузниот апартман во медицинскиот центар во Њујорк, а ангажирала и цел тим бодигарди кои би трбало да ја спречат навалата од новинари.
Иако терминот за породување уште не е познат, се знае дека Џеј Ло кон крајот на февруари ќе организира спектакуларна забава да го прослави раѓањето на близнаците. Викторија Бекам, Кејти Холмс, и Метју Меконахи се само некои од познатите имиња кои ќе и се придружат на латино ѕвездата на прославата.
ohridnews