Синовите на Чарли Шин и Брук Милер ги презела социјалната служба на Лос Анџелес која стравувала за нивната безбедност. Имено, поранешната сопруга на американскиот актер повторно почнала да се дрогира, па така Денис Ричардс, една од поранешните сопруги на Чарли, би можела да ги добие близнаците Боб и Макс на привремено чување.
Извор близок на актерката објаснил дека социјаните работници во неколку наврати од Брук побарале да биде попристојна. На крајот изјавиле дека близнаците повеќе не се безбедни со неа. Одлуката била донесена во четвртокот. Момчињата повеќе не биле кај неа. Се очекувало Денис да ја преземе грижата за нив. Таа веќе еднаш се грижела за нив кога Брук била на дезинтоксикација.