Близнаците од Австрија, Ралф и Харолд Капел, стари само 21 месец преживеале пад од 5 метри и се здобиле само со неколку модринки и гребнатинки. Тие се качиле на стол и се истркалале преку прозорот. Портпаролот на брзата помош рекол дека преживеале бидејќи претходната вечер врнело дожд. Земјата била каллива и го амортизирала падот.
„Мајката ја свртела глават на неколку секунди“ – рекол тој.
Исплашената жена збунето гледала како нејзините синови паднале од прозорецот и за брзо време станале и продолжиле да ја испитуваат непознатата територија.