Еден човек од Истанбул, кој се сомневал во својата сопруга, одлучил да побара ДНК тест за да провери дали тригодишните близнаци се негови деца. Резултатот од тестот бил повеќе од неочекуван. Имено, само едно од момчињата било негово. Добил развод откако судот ги примил резултатите од повторениот тест за татковство.


Тестот тврдел дека тој не бил татко на едно од децата со 99,99 проценти сигурност. Мајката тврди дека детето е резултат на врската која ја имала пред да се омажи. Таткото има намера да го задржи само својот биолошки син. Феноменот на близнаци од различни татковци е многу редок, но е можно жена да зачне од двајца различни партнери во приближно исто време.