Дури два пара близнаци родени за време на дочекот на Новата година имаат различни години на раѓање. Една мајка од Минесота добила девојче и момче, на кои во крштениците ќе им стои различна година на раѓање. Бекет Химени бил роден на 31 декември во 18:40 2011 година, додека неговата сестра Фреја на свет дошла после полноќ, во 00:26.

Родени биле пред терминот за породување, но обајцата биле здрави и породувањето минало без проблеми. Слично нешто се случило и во Бафало, каде Бриџит Роспутни во новогодишната ноќ на свет донела две момчиња, Ронан и Рори. Помеѓу нивното раѓање минал пократок период. Имено, едниот на свет дошол во 23:37, додека вториот десет минути по полноќ.