Американката со бразилско потекло Линда да Силва родила еднојајчани близнаци во необичен временски интервал од три седмици, јавила американската телевизиска мрежа „АБС“. Линда почувствувала породилни болки по само 24 недели бременост. Иако лекарите се обиделе да го спречат породувањето, се родило првото момче, Александар.

Бебето веднаш било префрлено во инкубатор. Експертите потоа препорачале Линда да почека со другото породување, како второто бебе подобро би се развило во стомакот. Линда рекла дека во почетокот не ги сватила добро лекарите. Мислела дека тоа е апсурдно и дека не е возможно. Второто бебе Роналдо се родило три седмици подоцна. Близнаците, било еднојајчани или двојајчани, обично се раѓаат еден после друг во интервал од неколку минути.