Џастин и Џордан Вашингтон се родиле во разлика од само седум минути. Меѓутоа зачнати се одвоено бидејќи нивната мајка го лажела партнерот со љубовник. Збунетите американски доктори велат дека секој од мажите го оплодил јајцето во краток период, за што шансите се еден спрема милион. Момчињата стари 11 месеци не се прави близнаци туку полубраќа.


20-годишната мајка Миа не може да поверува како од толку жени на светот тоа и се случило токму неа. Ги тестирала близнаците кога забележале дека не личат. Тестот покажал дека 99,99 % се од различен татко. Мисли дека тоа не е возможно. Иако е повреден што Миа го лажела, сепак сопругот го прифатил и другото дете како да е негово. Сега била повторно бремена, но за среќа сигурна е кој е таткото.