Близнаците Кенеди и Келан Малдоуни ќе делат многу нешта ви животот, но сигурно не и роденденот. Имено, Кенеди е родена во вторникот во 19 часот и 30 минути, а нејзиниот помлад прад дури 12 часа подоцна.
Лекарот кој ја породил нивната мајка Тами рекол дека не е ништо необично близнаци да дојдат на свет во интервал од неколку часа, но дека дури 12 часа е крајно необично. Како што пренесуваат светските агенции, двете бебиња и нивната мајка се чувствуваат добро.