Руски идентични близнаци ги збуниле пријателите и роднините на својата заедничка свадба, кога за сопруги зеле идентични близначки. Алексеј и Димитриј Семијонови се ожениле со Лилија и Лијана кои имале исти венчаници, букети и фризури.


Мајката на близнаците рекла дека одвај ги распознавала синовите, а разликата меѓу снаите воопшто не ја забележувала. Дури и идентичните парови признале дека некогаш прават забуни. Браќата ги запознале Лилија и Лијана во еден ноќен клуб во Санкт Петерсбург пред една година.