Милисент Овуор, Кенијка која родила близнаци, на момчињата им дала имиња Барак Обама и Мит Ромни. Како што навеле кениските медиуми, жената, која се породила во градот Сиаји, изјавила дека бебињата ги крстила по претседателот и неговиот поразен противкандидат, во знак на сеќавање на денот на изборите. Милисент се продоила недалеку од местото каде е роден таткото на Обама.
Жителите на местото пееле, играле и го славеле Обама откако нивниот кандидат победил во одлучувачките држави, вклучувајќи ги и Охајо и Њу Хемпшир, што му овозможило да освои уште еден мандат во Белата Куќа. Неговата победа разбудила нова надеж во Африка, каде многумина неговиот избор го гледаат како можност за инапредување на односите помежу САД и Кенија.