Дилан и Хана Фокс заедно ќе растат, засекогаш ќе ги врзува посебна врска, ќе го делат и роденденот. Но едно нешто кое не им е заедничко е државата на раѓање.
Додека Дилан е роден во Англија, неговата сестра близначка е родена во Шкотска бидејќи нивната мајка Дона доживеала предвремено породување.
Дона добила породилни болки дома во Англија за време на финалниот натпревар на европското првенство.
Таму го родила Дилан, но поради ризичното породување, итно е пренесена во болница која се наоѓа на другата страна од границата, во Шкотска. Таму, еден час и четириесет минути подоцна од братот, се родила малечката Хана