Близначките Каролин Пекстон и Елизаабет Кук од Велика Британија се родени само во четири минути разлика, а оделе во исто основно училиште, средно училиште, на исти факултет и добиле исти награди од универзитетот. Се венчале на исти ден, а се договориле со партнерите и заедно да одат на меден месец.


Освен тоа обете биле полицајки, возеле ист автомобил, а понекогаш носеле и исти алишта. Првиот пат се породиле во неколку месеци разлика, а сега повторно двете се бремени. Толку биле слични, што и нивните партнери неколку пати ги помешале, но сега поради тоа имаат различна боја на косата.