Сестри близначки од Њу Џерси ги родиле своите први деца во иста болница речиси истовремено. Даниел и Никол Фишер кои имаат по 23 години, се породиле во соседни сали во болницата, а нивните синови дошле на свет со само 13 минути разлика.

Даниел го родила својот Џонатан во 07:43, а Никол, чиј термин бил дури две седмици подоцна, малиот Максимус го родила неколку минути подоцна. Самите сестри биле родени во 12 минути разлика. Никол за локалните медиуми изјавила дека за се била виновна „врската која постои меѓу близнаците“. Сестрите исто така тврдат дека не планирале да забременат во исто време.