Италијанка која работела како адвокатка, а повремено и како судија, на работното место ја заменувала нејзината сестра близначка, како не би го изгубила хонорарот за два истовремени ангажмани.

Близначките (54) од северна Италија се обвинети за измама и наскоро ќе им се суди.


Една од близначките, Габриела, по професија адвокат, повремено работела и како хонорарен судија кога судиите биле преоптоварени со предмети.

Кога Габриела била повикана да замени судија, на своите клиенти им ја „подметнала“ нејзината сестра Патриција да ја замени на судската расправа. Еден од проблемите е тој што Патриција не е адвокат, а своите услуги на клиентите им ги наплатувала по адвокатски тарифи.

Клиентите сепак тоа го откриле и сега ги тужат и бараат надокнада за штета. Државата пак ги обвинила за измама.