На Блискиот Исток и Северна Африка луѓето патат од депресија повеќе од било каде на светот, било наведено во студијата на научниците од австралискиот универзитет Квинсленд. Во студијата било наведено дека се користени податоци за распространетоста, зачестеноста и траењето на депресијата, при што било откриено дека депресијата е втор водечки предизвикувач на инвалидитетот и дека таа дијагноза ја имаат повеќе од 4 проценти од светската популација.
Јасно е дека во земјите во кои е развиена свеста за таа болест и кои имаат полесен пристап до установите кои ја лекуваат постојат и податоци за повисока стапка на депресија. Исто така важно е да се истакне дека во сиромашните земји не постојат веродостојни анкети за депресијата, па истражувачите биле приморани проценките да ги засноваат на статистички модели на регресија. Повеќе од 5 проценти од популацијата пати од депресија на блискиот исток, во Северна Африка, Субсахарска африка, Источна Европа и на Карибите, а најниска стапка е забележана во Источна Азија, Австралија, Нов Зеланд и Југоисточна Азија.