Жешкото и спарно време влијае и на концентрацијата на возачите. Неретко таа попушта па се случуваат несреќи како оваа што ја регистриравме вчера на крстосницата на булеварот „Туристичка“ во близина на спортскиот центар. Пикап и фиќо се судрија откако не било почитувано правилото за давање предност. Среќа во несреќа е што се работи за мал судир во кој освен причинетата матерјална штета на возилата нема повредени. Сообраќајната полиција веднаш дојде на местото на настанот, а по извршениот увид сообраќајот на најпрометната улица во градот беше нормализиран.


се судрија пикап и фиќо на „Туристичка“