Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска соопшти дека во руската инвазија на Украина загинале десетици илјади луѓе, а милиони се повредени.

Тој на првата годишнина од почетокот на војната изјави дека „одлуката на претседателот Путин распарчи семејства, протера милиони од нивните заедници, уништи домови, училишта, болници и друга цивилна инфраструктура, ја влоши глобалната криза со храна, ги дестабилизира енергетските пазари и ги поткопа меѓународниот мир и безбедност“. Додаде дека војната го уништила меѓународниот углед на Русија, ја оставила Русија ослабена и изолирана и ја десеткувала нејзината економија.

Војната е обид на Украина да и се одземе дел од нејзината територија и да се спречи нејзиниот независен и демократски пат, рече Блинкен.

Тој ги цитираше зборовите на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој во говорот во Варшава претходно оваа недела рече дека по една година „Киев и Украина стојат. Борбата на Украина и одлучноста и издржливоста на нејзиниот народ се појавија како инспирација за светот и покажаа дека нема да се плашат“.

Блинкен во официјалното соопштение наведува дека САД цврсто стојат со Украина, која се брани себеси, и ќе продолжи да го прави тоа додека не се зајакне суверенитетот на Украина.

Претседателот Путин ја започна оваа незаконска војна и има моќ да ја прекине, заклучи американскиот државен секретар.

OhridNews