Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави можна контраофанзива на Украина во наредните недели.

Во интервју за францускиот весник „Вест-Франс“ оваа недела, Блинкен изнесе мислење дека за бројни пријатели и партнери на Украина во светот, вклучително и САД, има две цели во Украина.

Првата цел е да направиме се што е можно за да и помогнеме на Украина да ги врати териториите што Русија ги зазеде, вклучително и со контраофанзива, која се очекува во следните недели, рече Блинкен.

Според него, втората цел е да и се помогне на Украина „да ги изгради своите среднорочни и долгорочни капацитети за одвраќање на каква било агресија“ и „сама да се брани ако, сепак, се случи нова агресија“.

Американскиот државен секретар рече дека додека Русија не го промени правецот, САД и нивните сојузници мора „да го одржат притисокот без преседан, кој бројни земји го започнаа против Русија со санкции и контрола на извозот“.

На прашањето дали САД имаат намера да го поддржат Киев во неговата желба да се борат со сила за заземање на Крим и Донбас, американскиот државен секретар одговори дека одговорноста за таквата одлука е на Украина и дека САД, заедно со многу други земји, ја поддржува Украина во нејзините напори.

OhridNews