Атлетскиот клуб Охрид викендов со три атлетичарки учествуваше во Купот на Македонија во Скопје. Преставнички на охридскиот клуб беа Мартина Мироска, Стефанија Ристеска и Марија Јованоска кои се натпреваруваа во повеќе дисциплини. Од трите охриѓанки најзабележителни резултати имаше младата и перспективна атлетичарка Јованоска која се натпреваруваше во 100, 200 и 400 метри. Јованоска со нови лични рекорди триумфираше на 100 и 400 метри, со што обезбеди учество на Балканското првенство кое ќе се одржи во Турција. 

Таа секојдневно напорно и без штедење без разлика на временските услови тренира на спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ и се подготвува да блесне на балканскиот собир.

Сонот како и на секој спортист така и од Марија еден ден да ги брани националните боои на Олимписки игри.

OhridNews