Атлетичарите од охридскиот клуб имаа забележителен успех на Поединечното сениорско првенство кое се одржа на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Охридските атлетичари освоија седум одличја од кои шест беа со златен сјај. Најдобри беа спринтерите Јован Стојоски и Марија Јованоска. Стојоски триумфираше на делниците 100 и 400 метри, а Јованоска победи на 100 и 200 метри.

Блаже Љушев најдобар резултат имаше во скок во далечина, додека во спринтерска дисциплина на 100 метри финишираше на третото место. Стефан Стефаноски се закити со златен медал во фрлање диск.

Одличните резултати на охридските атлетичари им донесоа билети за учество на претстојните атлетски манифестации во странство. Стојоски и Стефаноски ќе бидат од македонската експедиција на Балканијадата во Романија, а Јованоска ќе отпатува во Турција.

OhridNews