Младите музички таленти од повеќе европски држави и САД, доживеаа овации од присутната публика во катедралната црква Св. Софија,  каде синоќа се одржа авршниот концерт на фестивалот „Охридски бисери“.


Фестивалот всушност е натпревар кој Сојузот на музички педагози на Македонија го организира од 1947 година, а меѓународна афирмација тој доби во последните 7 години од кога и го носи името „Охридски бисери. Година учество зедоа над 150 млади музичари кои се натпреваруваа во пијано и виолина. „Професионалното ниво на фестивалот од година во година расте, а од оваа година „Охридски бисери“ е член на Источноевропската асоцијација во советот за музика при УНЕСКО“, ни изјави Олег Контраденко-секретар на фестивалот. Тој не информираше дека од следната година  победникот на  фестивалот ќе обезбеди настап на „Охридско лето“ со што уште повеќе ќе биде зголемено реномето на фестивалот „Охридски бисери“.


завршен концерт на фестивалот „Охридски бисери“

Ohridnews
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ