Блескавата ноќ на македонскиот спорт ја надополнија кошаркарите кои ја забележаа првата победа на Европското првенство во Словенија. Во Јесенице вечерва Македонија славеше над Србија со 89:75. Голема партија одигра Лестер Бо Мекејлеб кој постигна 27 поени, Илиевски и Антиќ имаа по 16, дополнети со 14 скока на првиот Македонец во НБА.
Утре на ЕП е слободен ден, а во недела, на Денот на независноста Македонија од 14.30 се среќава со Босна и Херцеговина во клучниот натпревар за пласман во осминафиналната фаза.
OhridNews