-Ми причинува огромна чест што настапувам вечерва во Охрид, рече Четкар. На концертот Четкар го претстави својот албум „We will newer end“ кој се врти на најдобрите светски радио станици за џез, соул и фанк музика. Владимир во Охрид настапи со својот бенд: Хју Вајт – клавијатура, Бенон Сатлер – тапани и Џонатан Харди – бас гитара, со кои редовно гостува во престижните клубови во САД.
Блескава ноќ на Владимир Четкар на Античкиот тетар