Тесен беше просторот на летната сцена во предворјето на црквата Св.Софија, да ги собере сите љубители на театарската игра, кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и бидат дел од отворањето на деветтото издание на Меѓународниот Аматерски театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, кој како предвесник на охридското културно лето, во организација на Црвен крст Охрид, се реализира од 12-16 јуни во Охрид.
Блескав настап имаше театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „УТРЕ“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц и кореографија на Даниел Наумоски.
Нашите млади, талентирани актери, на креативен и многу реален и сликовит начин ја прикажаа вербата, надежта и борбата за подобро УТРЕ, соочени со силните притисоци и контрола од страна на моќниците-
„ОКОТО“.
Втората вечер од театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, е резервиран за две театарски претстави во Центарот за култура „Григор Прличев“. Со почеток во 19 ч. театарската група на Црвен крст Бар, Црна Гора ќе ја прикаже театарската претстава „ПОТРАГА ПО ИЗГУБЕНОТО БОГАТСТВО“, а во 21 ч. ќе настапат актерите на Црвен крст Крагуевац, Србија, со театарската претстава „НА НИВ, ЗА НИВ“.
Влезот за сите претстави е слободен.
OhridNews