Симон Трпчески, познатиот македонски и светски пијанист во четртокот настапи во престижниот “Дом на уметноста” во Мелбурн пред 3000 посетители заедно со “Мелбурската симфониски оркестар”, предводени од данскиот диригент Томас Дусгард.


Симон Трпчески

Публиката во Мелбурн со воодушевување го проследи настапот на маестро Симон Трпчески., кој со долготрајни аплаузи, на неколку пати беше враќан на бис. Трпчески одржа говор, а во неформална атмосфера ја отсфири позната македонска песна  “На Струга дуќан да имам”. Присутните македонци, како и останата публика со голем аплауз го поздравија Трпчески. Покрај голем број вљубеници во класичната музика, на концертот беа присутни угледни активисти од Македонската заедница, како и конзулот Саво Сибиновски.

Македонската заедница е горда на Симон кој достојно ја претставува Македонија насекаде каде што тоа не може да го направи политиката и дипломатијата, велат нашите од Австралија. Во понеделник Симон Трчески ќе настапи во Сиднеј.

Ицо Најдовски