Хрватскиот октет „Игњац Фукс“ прозвучи прекрасно и со својата романтична мелодиозна интерпретација, поетика и емотивни бранувања создаде релаксирачна атмосфера вчеравечер вo црквата „Света Софија“.
Овој ансамбл не е првпат на „Охридско лето“, но секој нивни настап е празник за фестивалската публика. Блескавото музицирање избиваше од длабочината на осумтемина музичари кои и годинава изненадија со изборот на програмата со која се претставија во акустичната црква. Тие го избраа првиот романтичен композитор, Франц Шуберт(1797-1828), кој во својот кус животен век од 31 година напишал околу 600 соло песни,симфонии и камерни дела од голема уметничка вредност.
Ансамблот „Игњац Фукс“ е формиран во јуни 2016 година. Следната година „Игњац Фукс“ го очекува голема балканска турнеја во овој состав, гудачки квинтет и дувачко трио со кларинет, фагот и хорна. Името на ансамблот е всушност првото има на познатиот хрватски композитор Ватрослав Лисински.
Вечерва на програмата на фестивалот е концертот на италијанскиот пијанист Александар Гаџиев. ПОчеток во 21 часот во црквата Света Софија.
OhridNews