Кој би можел да ја заборави серијата “Gossip Girl” и прекрасните креации кои главните актерки ги носеа во секоја епизода? Со одличните модни избори посебно се истакнуваше долгоногата Серена, која ја глумеше Блејк Лајвли, а која и преку ден изгледаше како штотуку да се симнала од модните писти. Заносната Блејк вчера во Њујорк беше снимена во една комбинација која потполно одговара на серијата која ја прослави.
Папараците ја фотографираа популарната русокоса како излегува од хотел во волшебен црвен фустан со средна должина и со длабоко деколте, речиси до папокот. Овој раскошен фустан Блејк го надополни со тренди чевли со потпетици, црна чанта и еден прекрасен детал, фенси очила за сонце.