Актерката Блејк Лајвли поднела кривична пријава против еден опседнат обожавател кој со денови ја прогонувал. Ѕвездата на серијата “Gossip Girl” е уште една во низата славни личности кои имаат вакви проблеми. Момчето со име Серги Мифлс ги дознал електронската пошта и телефонот на нејзината мајка, па почнал постојано да се јавува и да испраќа пораки во кои пишувал дека е длабоко загрижен за Блејк и дека мора да и помогне бидејќи таа била во неволја.
Актерката рекла дека прогонителот велел дека е метафизички и духовно поврзан со неа. Тој не запрел само со пораките кон нејзината мајка, па на почетокот на февруари се појавил на снимањето на серијата и на обезбедувањето му рекол дека дошол да ја заштити Блејк. Од страв за својата и за безбедноста на својата мајка, младата актерка побарала помош од полицијата.