Славниот пар кој важи за еден од најубавите во Холивуд, Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли, станаа родители. Актерката која има 27 години го родила нивното прво дете во Њујорк, а детето стигнало на свет порано од очекуваното. Мајката и бебето се здрави и се минало во најдобар ред, пишуваат американските медиуми.
Сеуште не е откриен полот на бебето, а славниот пар нема донесено одлука ниту за името. Рајан и Блејк се венчаа во 2012 година после 11 месеци врска, а славниот актер бил голема поддршка на сопругата за време на целата бременост. Извор близок до парот открил дека Рајан е прекрасен сопруг кој цело време и ги масирал грбот и стапалата. Се шегувал дека тоа веќе го прави автоматски.