Ѕвездата на серијата „Трачерка“ Блејк Лајвли и нејзиниот колега Рајан Рејнолдс после месец дена врска наводно одлучиле да започнат заеднички живот, пренесуваат американските медиуми. Овој пар веќе бил во потрага за заеднички дом и наводно отишле да гледаат еден луксузен апартман во Њујорк вреден околу 4,3 милиони долари.
Лајвли претходно оваа година околу пет месеци била во врска со актерот Леонардо ди Каприо. Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се зближиле за време на снимањето на филмската екранизација на стрипот “Green Lantern”.