Популарната актерка и ѕвезда на серијата „Трачерка“, Блејк Лајвли, објавила фотографија со која порачува дека таа и нејзиниот сопруг, актерот Рајан Рејнолдс очекуваат дете. Блејк среќната вест со своите фанови ја поделила во рамките на текст кој зборува за семејството и семејните вредности.
На крајот на текстот објавила фотографија со трудничкото стомаче, која ја снимил нејзиниот брат Ерик Лајвли. Фановите веднаш фотографијата ја закачиле на нејзината фан страница на Твитер и и посакале се најдобро со зборовите “Едвај чекаме да слушнеме дали е момче или девојче“.