Холивудската актерка Блејк Лајвли го воодушеви модните критичари, кога на црвениот тепих во Кан се појави во елегантен, светло син фустан. Згодната американска актерка и се придружи на екипата холивуски ѕвезди на престижниот филмски фестивал, кој дојдоа на светската премиера на остварувањето “The BFG”, новиот филм на режисерот Стивен Спиблерг.

Освен тоа, актерката која славна стекна со хит серијата „Трачерка“, забележа улога во филмот “Café Society”, новото остварување на режисерот Вуди Ален, кој исто така е прикажан на фестивалот. Убавата Блејк, која е во брак со канадскиот колега Рајан Рејнолдс, го чека нивното второ дете, а бременоста, секако, не и е пречка и понатаму да изгледа заносно.