Актерката Блејк Лајвли ги воодушевила сите присутни на њујоршката седмица на модата, покажувајќи ја својата беспрекорна линија само два месеци по породувањето. Новопечената мајка просто блескала на модниот настан, носејќи за таа прилика фустан во црно-бела боја припиен на своето тело.

 

Својот стајлинг го надополнила со бели салонки на Кристијан Лобутин, а монотонијата на боите ја разбила со жолта чанта. Актерката се породила во декември минатата година, а мајчинството го опишала како најсреќно нешто кое што и се случило во животот.