Женскиот ракометен клуб Лихнид претрпе висок пораз 27-18 (14-7) од ракометарките на Стружанска во „Езерското“ дерби во четвртата рунда од Кадетската лига.

„Китовите“ одиграа бледо во напад и одбрана, незаинтересирано и недисциплинирано, а таквиот пристап на играта не е дозволив во дерби натпревар, кој подоцна може да одлучува за пласманот на врвот од табелата.

Охриѓанки во втората полусезона ќе треба да бркаат победа од девет или повеќе голови разлика за да дојдат пред стружанки во случај на исто бодови на табелата.

Шанса за поправен и исправување на грешките „китовите“ ќе имаат на домашен терен против Војнисон Вардар.

OhridNews